Спорт
Скопското дерби заврши нерешено
Актуелниот шампион Вардар со реми ја отвори новата сезона откако вечерва одигра 2:2 со тимот на Шкупи од Чаир (поранешна Слога Југоматнат), на полувреме водеше гостинскиот тим со 1:0.
Стрелци на головите беа Блажевски и Ивановски за Вардар односно Нухији и Османи за Шкупи.
Во останатите натпревари од првото коло на македонската Прва лига се постигнати следниве резултати: Шкендија – Царев Двор 3:1, Турново – Ренова и Металург – Силекс 1:3, утре играат Брегалница – Работнички.