Спорт
Славење и победничка фотографија на Вардар од Истанбул (ФОТО+ВИДЕО)
Втора победа на Вардар, Македонија се радува и има за што да се радува.
Се слави во Скопје, се слави во Македонија, но се слави и во Турција, Истанбул.
Mакедонскиот шампион уште еднаш го победи Фенербахче и со голем стил се пласираше во групната фаза од Лига Европа.
Фудбалерите на Вардар лудуваа во соблекувалната, а победата беше овековечена и со традиционална слика од соблекувалната.