Спорт
СЛАВЕЊЕ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА: Фудбалерите пејат „Ајде, ајде Вардаре“ (ФОТО+ВИДЕО)
Вардар е Македонија, Македонија е Вардар, вака коментаторот Бранко Илиевски вечерва го опиша натпреварот помеѓу Фенербахче и Вардар во Истанбул.
Навивачите на Вардар го слават најголемиот успех во историјата на својот клуб, посебно поради тоа што победата доаѓа во голем стил, со вкупни 4-1 над турскиот Фенербахче.
Вардар знае како да се израдува на овој историски успех за клубот. Нашиот тим е првиот кој што обезбеди учество во грушната фаза од едно европско натпреварување.
Фудбалерите на Вардар лудуваа во соблекувалната, а победата беше овековечена и со традиционална слика од соблекувалната.
Погледнете го видеото: