Ракомет
СТОИЛОВ: Имаме искусен тим и шанса против Чешка
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин игра еден од клучните дуели во нашата спортска историја. Противник ни е Чешка, добро познат ривал.
Еден од поискусните во нашиот тим Стојанче Стоилов, кој има одиграно 23 натпревари на Европските првенства и постигнато 63 голови изјави:
– Екипата е подготвена да го понесе товарот на овој важен дуел со Чешка и покрај неизвесноста околу настапот на Кирил Лазаров. Се разбира дека нема да биде исто, но знаеме што не чека. Во тимот има искусни играчи, кои имаат многу настапи на големи натпревари и од таа причина мислам дека имаме шанси против Чешка. Нашиот денешен противник покажа дека е квалитетен со победата над Данска. Ова за нас е финале, мора да се бориме до крај, само така се постигнува успех и не треба да мислиме на квалификациите и убедливата победа.
Дуелот Македонија – Чешка почнува во 20:30 часот и ќе биде 14.ти меѓусебен на двете селекции или 4.ти на европските превнства.