Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТРЧАЈ БЕ – голема атлетска приказна со два нови македонски рекорди и балканско првенство во полумаратон

Спорт

ТРЧАЈ БЕ – голема атлетска приказна со два нови македонски рекорди и балканско првенство во полумаратон

ТРЧАЈ БЕ – голема атлетска приказна со два нови македонски рекорди и балканско првенство во полумаратон

Над илјада учесници и многу публика распоредена на улиците низ Битола, викендов приредија атлетски спектакл во Битола.

Организаторите на третото издание на ТРЧАЈ БЕ и покрај ограничувањата со протоколите наметнати од здравствената криза, одговорија успешно на предизвикот да организираат Балканско првенство во полумаратон и пратечки две трки на 5К и 10К, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сѐ љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола.

Од минатата година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, оттука и одлуката Балканското првенство во полумаратон да се организира во градот кој за многу кратко време создаде бренд од својата градска трка Трчај бе. Петседателката на АФМ Александра Војнеска-Зикова, го означи стартот на трите трки и поздравувајќи ги репрезентациите од земјите учеснички и домашните атлетичари истакна како може една идеја да се преточи во настан кој евидентно ја подигнува атлетиката на едно поинакво ниво.

– ТРЧАЈ БЕ создаде нова спортска приказна во градот под Пелистер. И ова е дефинитивно најмасовниот спортски настан кој Битола досега го имала. Присуство на врвни атлетичари од Балканот и двата нови национални рекорди ја промовираат трката на еден поинаков левел, кој ветува сјајна иднина, истакна Никола Димитровски директор на трката.

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова истрчаа национални рекорди на Балканското првенство во полумаратон (21 километар), во склоп на уличната трка „Трчај бе“ во Битола.

Двајцата за неколку минути го подобрија своето и националното најдобро време, што е своевиден подвиг!

Македонската атлетска елита беше присутна на настанот што беше гаранција за супер интересна трка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.