Ракомет
ТРИБИНИТЕ ПОЛНИ: Голем број Македонци ги бодрат ракометарите во Мец (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Повеќе од 7 дена илјадници македонски навивачи се присутни во францускиот град Мец каде се игра Светското првенство во ракомет.
За време на натпреварите кога игра Македонија трибините се полни, а според бројките Македонија има помногубројна поддршка. На трибините има публика која пристигна од Македонија, а има и фанови кои доаѓаат од околните држави, но и жители на Франција.
Според симпатизерите, во градот ја нема атмосферата која се создаваше на претходните големи натпреварувања, но тие се во ист ритам на трибините. Во Мец нема фан-зона каде може навивачите да се собираат пред средбите и да слават по победите. Но, тоа не е причина „македонската фаланга“ гордо да го брани македонскиот тим.
Инаку, Македонија досега има остварено две победи против екипите на Тунис и Ангола, а вечерашниот натпревар не е одлучувачки, но носи повеќе бодови за искачување на табелата и директен дуел за третото место.
Во продолжение погледнете дел од фотогалеријата на македонските навивачи: