Ракомет
Триумф на вардарки во Будимпешта
Македонскиот ракометен првак Вардар ја забележа петтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, откако попладнево триумфираше на гостувањето во Будимпешта против ФТЦ со 29:28.
Вардарки го задржаа максималниот ефект и го обезбедија првото место во групата.
„Црвено-црните“ одиграа одлично прво полувреме и на паузата отидоа со предност од по четири гола (16:12). Домаќините во вториот дел беа поуспешни, стигнаа и до изедначување, но финишот им припадна на избраничките на Ирина Дибирова и заслужено ги освоија бодовите.
Вардар е прв во Ц-групата со 10 бода, ФТЦ има 6, Турингер 2, Ларвик 0.