Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Убедлива победа на македонските фудбалери против Белорусија

Спорт

Убедлива победа на македонските фудбалери против Белорусија

По триумфот на гостувањето во Лихтенштајн во Мундијалските квалификации попладнево црвено-жолтите ја победија Белорусија во контролен пријателски натпревар.

На средбата одиграна попладнево на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Македонија ја победи Белорусија со 3:0.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во текот на целиот меч ја контролираа играта, а по неколкуте шанси во првиот дел конечно во 40.минута Стефан Спировски со својот „првенец“ во дресот на црвено-жолтите и донесе предност на нашата селекција.

Во второто полувреме, на сцена стапи капитенот Горан Пандев кој постигна два гола. Првиот во 60. минута по акцијата на Иван Тричковски. Девет минути подоцна одлично нафрли Езџан Алиоски, а Пандев со глава го постигна неговиот втор гол на натпреварот, вкупно 29-ти во дресот на Македонија, притоа поставувајќи ги конечните 3:0 за нашата селекција.

Следниот натпревар за македонските фудбалери е на 11 јуни, кога во Скопје ќе гостува силната репрезентација на Шпанија, во меч од 6.коло во квалификациите за Светското првенство.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.