Ракомет
Вардар го победи европскиот шампион Киелце
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево во мечот на колот од ЕХФ Лигата на шампионите го победија европскиот првак Киелце со 40:34, полувреме 18:18.
Во целосно исполнетата сала во СЦ „Јане Сандански“ двете екипи се менуваа во водство во првиот дел. Вардар имаше серија од 5-0 и највискои 9:6, а Килеце претходно водеше 6:4 по серијата од 4-0. По 14:14 ниту една екипа до 24:24 немаше поголемо водство од еден гол, а резултатот беше изедначен дури 14 пати.
Вардар се одлепи резултатски откако направи серија од 7-2, а потоа и од 6-2 и во финишот на дуелот ги имаше највискоките +9 (39:30).
Најефикасни кај Вардар беа: Игор Карачиќ со 9 голови, а по 8 постигнаа Тимур Дибиров и Алекс Душебаев, додека за Киелце Агинагалде беше стрелец на 8 голови.
Вардар следниот натпревар го игра на 17 ноември на гости кај второпласираниот тим во групата Рајн Некар Ловен.
Од 6.коло во Б групата останува вечерва да се одигра уште натпреварот Цеље – Сегед.
Табела: Вардар 10 бодови, Рајн-Некар 9, Киелце 8, Мешков Брест 6, Сегед 5, Цеље 3, Кристијанштад 3, ППД Загреб 2.