Спорт
Вардар против Шкендија в петок, со Работнички во вторник
Фудбалската федерација на Македонија одлучи натпреварот Шкендија – Вардар кој првично беше закажан за денес да се игра на 24 април (петок) во Куманово со почеток во 14 часот.
Натпреварот е прогласен за натпревар од висок ризик.
Поради ова поместување на терминот на дербито на 26.коло, натпреварите од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига, Хоризонт Турново – Шкендија, и Вардар – Работнички кои требаше да се играат следниот викенд се презакажани за 28 април (вторник).