Ракомет
Вардар триумфираше над Металург во СЕХА лигата
Лидерот на табелата во СЕХА лигата Вардар успеа да победи во натпреварот од 10.коло против градскиот ривал Металург со 31:29. На полувреме резултатот беше нерешен 15:15.
Во најголемиот дел од дуелот двете екипи се менуваа во водство, а резултатот беше изедначен дури 17 пати и последен пат 25:25 во 48.минута. Потоа македонскиот првак Вардар направи серија од 6-1 за водство од 31:26.
Најефикасни на дуелот беа Тимур Дибиров кај Вардар со 7 голови и Филип Талески кај Металург со 8 голови. Страхиња Милиќ на голот на Вардар имаше 9 одбрани, а Дарко Арсиќ кај Металург 10.
Денеска се одигра и дуелот: Извиѓач – Мешков Брест 26:34, а во тек е натпреварот Загреб ППД – Цеље.
Табела: Вардар 31 бодови, Мешков Брест 20, Загреб 19, Веспрем 18, Цеље 15, Горење 9, Металург 7, Нексе 7, Татран Прешов 6, Извиѓач 3.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.