Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ветувањето исполнето: Виз Ер Скопје 5км трка на 20 септември!

Останато

Ветувањето исполнето: Виз Ер Скопје 5км трка на 20 септември!

Летово скопскиот воздух беше исполнет со многубројни настани, летни забави и жешки температури. Како сѐ што се случуваше да беше скоро заборавено, но не потполно.

Организаторите на Виз Ер Скопскиот Маратон, 10-ти мај оваа година не го паметат само како ден кога беше откажан маратонот, туку и како ден кога на сите верни љубители на трчањето и спортот им ветија трка во претстојната есен која доаѓа.

Со почетокот на првиот есенски месец, организаторите на маратонотофицијално ја најавија претстојната ревијална 5км трка.

„Виз Ер Скопје 5км трка ќе се оддржи на крајот на септември низ скопските улици, а ние ги покануваме сите поддржувачи на трчањето, сите аматери и професионалци со спортски дух, и млади и стари, да се здружиме заедно и на 20ти септември во 09:00 часот на улицата Димитрие Чуповски (во близина на Рекорд) да застанеме на стартната линија и да ги истрчаме 5те км низ нашиот град. Нема да има пријавување, ниту ќе се наплаќа стартнина, бидејќи трката е од отворен тип и нема натпреварувачки карактер. Ќе може да учествува секој, без разлика дали имале стартен број или не на Виз Ер Скопскиот маратон 2015. Сепак оние кои се во можност, ги замолуваме да се појават со стартните броеви и со маиците од Виз Ер Скопскиот маратон за поддршка на овој настан. Да покажеме дека Виз Ер Скопски Маратон ќе продолжи да пулсира со срцето на градот и сите негови поддржувачи. #SKMtogether#BeActive,“ изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот Маратон.

Во организација на Скопскиот маратон, Град Скопје и Сојуз на Спортови Скопје, трката ќе трае до 10:00 часот, а патеката на трчање е иста како за трката на 5км на Виз Ер Скопски Маратон 2015 (ул. Димитрие Чуповски, бул. Климент Охридски, бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, ул. Теодосиј Гологанов).

Оваа ревијална Виз Ер Скопје 5км трка е дел од Европската недела на спортот која е поддржана и организирана од Европската Комисија. Македонија преку оваа трка е дел од спортските активности кои ќе се случуваат во Европа во периодот од 7ми до 30ти септември 2015.

Трката е и дел од календарот на спортски настани http://ec.europa.eu/sport/week/ и е една од 116те улични трки кои се одржуваат во 34 Европски земји. Мотото на Европската недела на спортот е да бидете активни, затоа на 20 септември #BeActive.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Останато

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.