Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Виз Ер Скопскиот маратон годинава ќе руши рекорди!

Спорт

Виз Ер Скопскиот маратон годинава ќе руши рекорди!

За 4 дена традиционално ќе се одржи Авицена Женска Трка која веќе го сруши рекордот на пријавени учеснички. Околу 1.300 натпреварувачки ќе трчаат на патеката долга 2 км во Градски парк на 9ти април. Виз Ер Скопскиот Маратон ќе се одржи на 9ти мај и веќе се имаат пријавено илјадници тркачи од голем број земји низ светот.

„Пријавувањето за овогодинешното издание го отворивме уште во октомври минатата година и ќе биде отворено до 30 април. Сите заинтересирани ќе можат да се пријават онлајн. До овој момент имаме примено преку 5.000 пријави од 43 земји од целиот свет, 400 од нив странци, што претставува зголемување за 20% од истиот период минатата година, со што можеме да кажеме дека најверојатно ќе имаме рекорден број на учесници. Овој настан привлекува големо внимание кај домашната и странската популација и станува препознатлив спортско – туристички бренд во Македонија и пошироко.“, порача директорот на Скопски маратон, Кире Синадиновски. Тој додаде дека и оваа година на програмата се 4 трки, маратон, полумаратон, штафетен маратон и трката од 5 км.

„Заедно создаваме спортска култура и здрав начин на живеење. Бројот на учесничките на Женска трка ги надмина нашите очекувањата, а тоа го потврдува фактот дека жените почнаа да ги отфрлаат изговорите дека немаат време за себе. Ги охрабрувам сите да почнат со рекреација, без разлика на добата и временските услови. Вежбањето е единствен и сигурен извор за подолг и здрав живот.“, истакна Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.

Насловниот спонзор Виз Ер и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер од 20 евра за купување на авионски билети преку нивната официјална страна. Овие ваучери после успешна регистрација се праќаат на мејл адреса, која учесникот ја остава при процесот на регистрација.

Оваа година е најавено партнерство со Парк Хотел и Спа кои ќе се погрижат натпреварувачките за Авицена Женска трка да добијат подарок од Фитнес и Спа и е ексклузивното место каде ќе се сместат елитните тркачи за Виз Ер Скопскиот маратон.

„Несомнено Скопскиот маратон е настан на кој треба сите да бидеме горди. Токму поради тоа, сo особено задоволство објавуваме дека од оваа година Парк Хотел и Спа, стана официјален партнер на Виз Ер Скопскиот маратон. Поддршката на оваа урбана традиција која трае со години е во согласност со нашата стратегија за општествено одговорни навики, поддршка на настани од јавен интерес како и градење на здравиот животен стил. Возбудени сме по повод нашето ново партнерство, а истовремено сме и мотивирани да и понатаму придонесуваме за што поуспешна реализација на ваков тип на манифестации”, изјави Душан Марковиќ, маркетинг менаџер на Гемак.

„Физичката активност и здравите навики се одличен предуслов за постигнување на саканите резултати. Нашата цел е преку поддршката на Скопскиот маратон сите заедно да го јакнеме спортскиот дух и енергија, секако и да ја шириме пораката за здрави животни навики“, рече Никола Боглев – Герман, менаџерот на Фитнес и Спа Парк.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2017 и за Виз Ер Скопски Маратон ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.