Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во недела ќе се трча Виз Ер Скопскиот маратон

Останато

Во недела ќе се трча Виз Ер Скопскиот маратон

Дванаесеттото издание на најпознатата и најмасовна спортска манифестација во нашиот град – Виз Ер Скопскиот Маратон 2016 ќе се одржи в недела, на 8 мај.

На денешната прес-конференција, што се одржа во просториите на Град Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Виз Ер Скопски Маратон, Кире Синадиновски ги соопштија сите детали во врска со претстојната трка.

– Задоволство ми е да соопштам дека в недела, на 8 мај, на улиците на Скопје ќе истрчаат околу 7.000 маратонци и рекреативци од 46 земји и ќе го преплават нашиот град со позитивна енергија и спортски дух. Градот Скопје, организаторите и големиот број волонтери реализираат веќе интернационално афирмиран спортски настан на кој секоја година се пријавуваат се повеќе професионалци, рекреативци, граѓани, ученици од основните и од средните училишта, пријатели на спортот и на позитивната енергија. За угледот и за реномето на Скопскиот маратон говори и податокот дека тој е важен и за исполнување на нормите за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките игри. За Скопје и за Република Македонија, маратонот има и културна, економска и туристичка димензија, толку потребна за афирмирање на имиџот на нашиот главен град и на нашата држава. И годинава, за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.200.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија. Ги повикувам граѓаните на Скопје, в недела, на 8 мај, да излезат во што поголем број, да им пожелат добредојде и да им дадат силна поддршка на овие храбри спортисти и рекреативци, а сите заедно да се дружиме и да го прославиме Денот на Европа на најубавиот можен начин – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Директорот на Виз Ер Скопски Маратон, Кире Синадиновски, нагласи дека в недела ќе се трчаат четири трки, и тоа: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5.000 метри.

– Почетокот на маратонот е закажан в недела, на 8 мај, во 8:45 часот, кај Порта Македонија. Пријавените учесници можат да ги подигнуваат своите стартни пакети денеска и утре (6 и 7 мај) од 10 до 19 часот во холот на Конгресниот центар „Александар Македонски“, поранешната Универзална сала. Годинава имаме квалитетна стартна листа, со познати маратонци и во машка и во женска конкуренција, па очекуваме и рекорди. Наградниот фонд на маратонот изнесува 17.100 евра. И оваа година организираме конкурси за избор на најдобар транспарент и за најдобра фотографија. Ги покануваме граѓаните во што поголем број да ги поддржат трките во недела, а утре да го проследат и детскиот мини маратон кој ќе се трча на кејот на Вардар, а во кој ќе учествуваат ученици од основните училишта – објасни Синадиновски.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската Унија во нашата земја. Скопскиот маратон традиционално се организира по повод Денот на Европа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Останато

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.