Uncategorized
Едно дете загина, а пет се повредени при несреќа со трактор
Тринаесетгодишно дете кое се превезувало со трактор загина, а други пет деца се повредени во несреќа што се случила кај велешкото село Бузалково. Повредените се префрлени во Јавната здравствена установа во Велес, од кои едно поради сериозноста на повредите е префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.
Несреќата, како што денеска информира МВР, се случила вчера во 16:15 часот, кај месноста викана Врбица, откако 13-годишен малолетник кој управувал со тракторот со приколка, во еден момент изгубил контрола.
Три деца на возраст од 11 до 15 години, сите од село Бузалково, кои се превезувале на страниците на тракторот, паднале од него. Во приколката се превезувале и уште четири деца на возраст од шест до 10 години, кога таа се превртела.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и Јавен обвиниел, со чија наредба телото на починатото дете е предадено на семејството.