Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФХ3Х дел од петтото продолжение на Терминатор – „Terminator Genisys“

Uncategorized

ФХ3Х дел од петтото продолжение на Терминатор – „Terminator Genisys“

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните секвенци на петтото продолжение на СФ-акцијата Терминатор, во која и овојпат во насловната ролја настапува Арнолд Шварценегер.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик на студиото ФХ3Х изјави дека на филмот биле ангажирани за изработката на седум секвенци, во период од два месеца со екипа од 20 артисти. Тој е особено горд на соработката на овој проект и ја смета како потврда за квалитетот на нивната работа бидејќи компанијата соработуваше и учествуваше и на претходниот проект, Terminator Salvation, и, вели, таа соработка продолжува и понатаму.

– Многу значи работата на ваков култен серијал кој има толкав број фанови низ целиот свет, почнувајќи од првиот дел The Terminator, кој беше прикажан во 1984 година, и кој заработи 78 милиони долари и кој споредбено со последниот и вториот дел заработи 371 и 519 милиони долари. Очекувањата за петтиот дел се навистина големи, и особено е интересно што во него има големи промени во однос на Терминатор-митологијата, изјави Даниловски.

Проследувањето на новото продолжение, додава тој, ќе биде возбудливо, особено што едната од промените во филмот е што Џон Конор е делумно човек, делумно робот.

Петтото продолжение на Терминатор ја менува целата поставена рамка на досегашните делови од овој серијал со цел да се лансира нова трилогија на филмови. Kyle Reese (Courtney) е пратена назад во времето од John Connor (Jason Clarke) за да ја заштити мајката на Џон, Sarah (Emilia Clarke) која е цел на Терминаторот. Кога тој стигнува на својата дестинација, Рис се сретнува со Сара која е очеличена од борби и која пораснала со застарен T-800 модел на Терминатор и тројцата се обидуваат да го спречат Судниот Ден.

Премиерата на филмот е закажана за 2 јули во Синеплекс-киното, во Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.