Uncategorized
Франција во шок по трагичната сообраќајна несреќа
Најмалку 42 лица, претежно возрасни, загинаа во директниот судир изутринава во утринските часови меѓу автобус и камион на магистралниот пат 123, во Пуисеган, во близина на Либурн (Жиронд), соопштија француските власти. Четири лица се сериозно повредени, две од нив со тешки изгоретини, изјави префектот на Жиронд.
Како што јавува дописникот на МИА од Париз, четириесет и еден од загинатите биле патници во автобусот, додека 42-от е возачот на камионот, двете возила имале фронтален удар. Некои луѓе успеале да се извлечат од автобусот кој веднаш бил зафатен од огнот, но не се знае степенот на нивните повреди. Според Ален Русе, претседател на регионот Аквитен и пратеник од Жиронд, тоа бил камион за транспорт на дрва. Сепак, тој беше празен за време на несреќата.
Автобусот заминал рано утрово од местото Петит-Пале, Жиронд, околу десет минути возење од Пуисеган. Според локалните медиуми, тој носел пензионери на патување, сите членови на Сениорското здружение од Пети Пале.
Според Герард Дупи, вториот заменик-градоначалник на Пуисеган, кој го посети местото на несреќата, цитиран од Франс Инфо, опасностите на овој дел од патот биле познати.
„Тоа е опасна кривина. (…) Имало и порано несреќи таму. Автобусот очигледно не е виновен за несреќата, изјави тој за француското радио. Според информациите на ова место дозволената брзина за автомобилите е 50 км/час.
Ова е несреќа од најсмртоносните на патиштата во Франција После онаа во Нон, Кот-д’Ор, во 1982 година, кога загинаа 53 лица, главно деца.
Планот Орсек за организирањена спасувачките акции е активиран, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи; медицинска помош и пожарникари се испратени од Жиронд и Перигор.
Претседател Франсоа Оланд во посета во Грција, веднаш реагираше на трагедијата, најавувајќи дека „Владата на Франција е целосно мобилизирани на оваа ужасна трагедија“. Премиерот на Мануел Валс, министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, и државниот секретар за транспорт Ален Видал се очекува да го посетат местото на несреќата, како и градоначалникот на Бордо Ален Жипе и Ален Русе, претседател на регионот Аквитен и пратеник од Жиронд. Многу политичари ја изразија својата поддршка до семејствата на жртвите.
Префектот најави дека истрагата за околностите на несреќата е во тек и дека е отвроена психолошка канцеларија за преживеаните и нивните блиски.