Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Истражување: Не постои машки и женски мозок!

Uncategorized

Истражување: Не постои машки и женски мозок!

Науката досега не учеше дека постојат машки и женски мозок, од што произлегоа теориите дека мажите подобро се снаоѓаат во простор, додека жените можат да прават повеќе работи одеднаш.

Меѓутоа првото истражување на половите разлики, спроведено на површината на целиот човечки мозок покажало дека не постојат машки и женски мозок, се наведува во студијата, спроведена од израелски универзитет.

Напротив мозоците на повеќето луѓе ги поседуваат карактеристиките на двата пола.

Со цел да ја тестира старата теорија, професорката Дафна Џоел од Израелскиот универзитет во Тел Авив со тим научници спровела истражување на 1.400 луѓе меѓу 13 и 85 години. Нивниот мозок бил скенирар, а потоа експертите ја следеле мозочната активност.

Утврдено е дека постојат 29 мозочни подрачја, кои се разликуваат во зависност од дали личноста е машко или женско.

– Дури меѓу нула и осум отсто од лицата имаат мозок, кој ги содржи исклучиво особините на одреден пол, а мозокот на повеќето луѓе е мешавина од женски и машки карактеристики. Тоа потврди дека машки и женски мозок не постојат, изјави Џоел.

Веќе долго време се водиме од теоријата која мозокот го дели на машки и женски. Таа почива на претпоставката дека мозокот почнува да се развива, откако фетусот ќе го развие полот. Тогаш мозокот се развива во зависност од половите хормони, додаде таа.

– Ова е доказ дека луѓето не смееме да ги делиме според родот, бидејќи мозокот покажува дека никој не е само машко или женско. Родовата исклучивост е погрешна бидејќи сите ние сме поинакви, заклучи авторката на студијата Дафна Џоел.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.