Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Клајмат Сентрал: Во следните три века ќе исчезнат повеќе мегаполиси

Uncategorized

Клајмат Сентрал: Во следните три века ќе исчезнат повеќе мегаполиси

Како последица на глобалното затоплување и зголемувањето на нивоата на океаните во следните еден до три века целосно или делумно ќе исчезнат повеќе големи градови во светот, се наведува во анализата на американската невладина организација Клајмат Сентрал.

Оваа организација која обединува американски научници, новинари и експерти од сферата на климатските промени предвидува дека меѓу мегаполисите на кои им се заканува целосно или делумно исчезнување се и Лондон, Њујорк, Шангај, Хонг Конг, Мумбај, Рио де Женеиро и Неапол.

Клајмат Сентрал оценува дека ваквото поплавување ќе биде последица на натамошната емисија во земјината атмосфера на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и придонесуваат за глобалното затоплување.

Според анализата, до крајот на овој век просечната температура на воздухот ќе се зголеми за четири степени Целзиусови, што ќе доведе до топење на мразот околу Северниот и Јужниот Пол и до покачување на нивото на океаните и морињата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, како последица на овие глобални климатски промени во следните два века под вода ќе се најде површина од Италија на која сега живеат околу 4,7 милиони лица, што претставува околу четири проценти од вкупнато население на земјата.

Венеција и Пиза ќе се најдат целосно под вода, додека Неапол и Равена ќе прераснат во острови, наведува италијанските медиуми повикувајќи се на анализата на Клајмат Сентрал.

Според експретите на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, процесот на глобално затоплуање на земјата е неповратен и единствен начин за избегнување на ваквите катаклизмички предвидувања е итно изготвување на глобална политика за климата, со што растот на просечната температура до крајот на овој век би се ограничил на само два степени Целзиусови.

Дури и да се оствари оваа цел, зголемувањето на нивото на океаните предизвикано од порастот на температурите за два степени, ќе резултира со поплавување на подрачја на кои сега живеат околу 130 милиони луѓе.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.