Uncategorized
„Лажи ме“ – песна од соработката на „Блу Бенд“ и „2Бона“
„Blue Band“ е музички состав од петмина момци, Диме – вокал, Зоки – клавјатури, Бојан – клавјатури, Дарко – тапани и Благоја – гитара. Постојат од 2017 година.
Со првиот сингл „Револвер“, оваа млада екипа докажа дека го познава вкусот, пред се на тинејџерската публика. Овој пат, тие ја промовираат и втората автоска песна „Лажи ме“, повторно брза и со модерен популарен ритам, песна за која соработуваа со истата екипа, односно музиката и текстот се дело на „2Бона“, додека видеото го изработи Крсте Шупев.
Многу наскоро овие момци најавуваат и новитет на кој веќе работат извесно време.