Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На Фејсбук никој не може да го блокира Марк Цукерберг

Uncategorized

На Фејсбук никој не може да го блокира Марк Цукерберг

Во време на социјалните мрежи нормална појава е некој корисник да блокира друг од која било причина и на тој начин се оневозможува пристап на објавите и директно праќање на пораки. 

Иако се претпоставува дека можете да се блокирате секого, се чини дека не е сосема точно. 

Имено, ако на Фејсбук се обидете да ги блокирате постовите на Марк Цукерберг, ќе ви стигне порака дека тоа не можете да го направите.

По појавата на оваа инфромација, многумина корисници на социјалните мрежи оценија дека се работи за неговата суета, дека Цукерберг ја искористил сопствената позиција и оневозможил да биде блокиран или дека станува збор за „шега“ на инженерите на Фејсбук, кои „сакале да му се додворат на моќниот шеф“.

Но, по се изгледа дека ништо од ова не е точно, туку дека се работи за безбедносна заштита, односно автоматска реакција на системот на Фејсбук.

Службениот одговор од Фејсбук открива дека постои нешто што се вика „блокер на блокирање‟ кој е автоматски систем кој реагира кога одреден профил е на удар на повеќекратни блокирања.

Некогаш злонамерници покренуваат кампањи против одредни поединци од повеќе извори, осносно од различни профили почнуваат да блокираат одредено лице. За да се спречи тој „мобинг“, Фејсбук изработил заштитен систем, што ќе ги штити луѓето кои некој ги напаѓа, објасни компанијата.

Но, голем број корисници на социјалните мрежи од ваквото образложение извлекоа заклучок дека многу луѓе сакаат да го блокираат Марк Цукерберг.

 Неговиот профил на Фејсбук е меѓу најпопуларните во светот, со над 40 милиони пријатели.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.