Uncategorized
Роналдо до крајот на кариерата останува во Реал Мадрид
Најдобриот стрелец во Европа, Кристијано Роналдо денеска изјави дека неговата кариера ќе заврши во Реал и планира уште пет-шест години да игра за мадридскиот клуб.
– Мојата желба е да ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Ако се штедиш можеш да играш до 40-тата. Мојата цел е да играм уште пет или шест години на ова ниво, изјави Роналдо за „Марка“.
Тој во Реал дојде 2009 година од Манчестер Јунајтед, а договорот со „кралскиот клуб” му истекува во 2018 година.
– Се чувствувам добро и корисно во Мадрид и сакам да продолжиме да победуваме, додаде 30-годишниот Португалец.
Роналдо вчеравечер на церемонија во Мадрид ја доби рекордната четврта „Златна копачка“, а минатиот месец стана најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид.