Uncategorized
Таксистите го блокираа ГП Богородица
Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници од општинава и денеска од 10 часот го блокираа граничниот премин „Богородица“ за влез и излез од земјата, изразувајќи го на тој начин својот протест што не се вклучени во превозот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија до Табановце.
Граничниот премин „Богородица“, како и изминативе денови од почетокот на штрајкот ќе биде под блокада на таксисистите до 12 часот.
Градоначалникот на Гевгелија,Иван Франгов, синоќа остварил средба со претседателите на здруженијата на такси и автобуските превозници од кои кои побарал во интерес на граѓаните да се откажат барем од блокирањето на градот, по што веднаш беше деблокиран ГП „Богородица“.