Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Штип почнува 30-тиот „Макфест“

Uncategorized

Во Штип почнува 30-тиот „Макфест“

Почнува 30. Фестивал на забавни мелодии „Макфест“, кој годинава ќе се одржува од денеска до 5 јуни на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Со кревање на фестивлаското знаме се означи почетокот на фестивалот на кој ќе бидат изведени 30 песни. 

Техничкиот директор на „Макфест“ Трајче Јованов  денеска на прес-конференција  истакна дека првата полуфинална фестивалска вечер ќе ја отвори дебитантката Евгенија Чанчалова со песната „Миг до вечноста“.

– Првата  награда на „Макфест“ носи 10.000 евра, втората 7.500 евра и третата награда е во износ од 5.000 евра. Награда ќе биде доделена и  за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра, потоа награда „Драган Ѓаконовски – Шпато“ во износ од 1.000 евра која ќе му се додели на најдобриот аранжер, согласно одлука донесена од страна на стручна комисија, награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра, за најдобар сценски настап, исто така, во износ од 1.000 евра и признание за најслушана композиција меѓу два фестивала, рече Јованов.

Тој додаде дека годинава ќе има три шоу програми, а во четврток и петок ревија на победници на „Макфест“.

Македонската јавност може да го проследи фестивалот на Македонската телевизија. Годинава публиката ќе  гласа со СМС-пораки, кои 30 отсто ќе влијаат во изборот на финалистите и победникот, додека останатите 70 проценти ќе им припаднат на членовите на жирито.

Тоа ќе биде интернационално и составено од двајца претставници од Македонија и тројца од странство, а нивните имиња ќе се држат во строга тајност за да се спречи влијание и притисоци.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.