Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Заврши граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Uncategorized

Заврши граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ заврши пред Собранието на Република Македонија со обраќање на претседателот на СДСМ Зоран Заев, претставници на невладини организации, активисти и јавни личности.

Маршот почна во 14 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство и продолжи по булеварот „Партизански одреди“ до Собранието. Организаторите најавија дека маршот е за достинствен живот и затоа е избран денешниот празник – симболично како предвесник на промените за подобра иднина.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во говорот ја спореди денешната борба за подобар и достоинствен живот со борбата на партизаните во 1941 во одбрана на иднината на поколенијата.

– Ние, граѓаните на Македонија, го кренавме нашиот глас, ја соопштивме нашата одлучност на овој светол датум 11 Октомври и гласно потврдивме – да, борбата продолжува, рече Заев.

133382648

Марширале по булеварот „Партизански одреди“ во чест на партизанските одреди, а собирот е организиран пред паркот „Жена-борец“ во чест на партизанките од НОБ за, како што рече, да порачаме дека нивната борба за слобода е и наша денешна борба за слобода.

– Тие се кренеа, се бореа и се изборија. Ние  се кренавме, се бориме и ќе се избориме за слобода, правда, правичност и еднаквост. Нашето оружје е нашиот глас. Ние избираме иднина – потребна е свест за заедничката цел. Не е време за мали планови, дојде време да бидеме одговорни и да понесеме одговорност за нас и за идните генерации, дојде време да и дадеме ветување на Република Македонија во име на сите кои ги дадоа своите животи за нас и нашата заедничка татковина и за генерациите што доаѓаат по нас. Затоа е важен овој граѓански марш… Нашиот марш е марш на нашиот глас. Овој марш веќе најави – гласот победува. Победува граѓанска Република Македонија, истакна Заев.

Нагласи дека денеска маршираат за достоинствени плати, за задоволни работници, за силни мали претпријатија, за деца кои нема да просат, за покрив над секоја глава, за подобро образование, здравство…

На собирот се обрати и Ѓорѓи Ѓорѓиевски од Сојузот на борците: – Слободата и демократијата за кои се боревме се уште не се остварени. Борбата продолжува… вашиот глас е вашето оружје, порача Ѓорѓиевски.

Во име на младите што се придружија на денешниот марш говореше студентката Ивана Туфекџиќ која рече дека и припаѓа на генерација што доживеала егзодус, дека многу нејзини другари заминале во еден правец затоа што, како што рече, оваа власт не им дала шанса.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.