Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зошто Лео Ди Каприо никогаш не освоил Оскар?

Uncategorized

Зошто Лео Ди Каприо никогаш не освоил Оскар?

Наградата на Американската филмска академија или Оскар е златна статуетка за која сонуваат многу глумци, режисери, продуценти, костимографи, речиси сите кои работат на филм, пред или зад камерата.

Неодамна Н1 објави вест за новиот филмски потфат на Алехандро Гонзалес Инариту, The Revenant. Инариту во 2014 година ја смете конкуренцијата со својот филм Birdman: The Unexpected Virtue of Ignorance, а кога стана јасно дека Лео Ди Каприо ќе ја глуми главната улога, многу стручни медиуми и портали во светот се согласија дека ова е еден од последните возови за Ди Каприо.

Имено, човек кој со години важи за еден од најдобрите глумци на Холивуд, нема Оскар за најдобра главна улога веќе цела деценија.

Бидејќи покрај себе во филмот The Revenant го има Томи Харди (меѓу најбараните глумци денес), навлеговме во длабочините на интернетот и најдовме практични причини поради што Ди Каприо нема Оскар, а зад себе има голем, навистина голем број на главни улоги, во кои покажа завидна глума.

1. Несреќник

Номиниран е за Аviator во 2005 година, две години потоа за Blood Diamond, а остана со куси ракави. Знаете зошто? Во тие години, излегоа два филма кои направија кариера на двајца глумци. Џејми Фокс стана слеп и маестрално го одглуми големиот Реј Чарлс во филмот Ray, а Форест Витакер, со должна почит кон Ди Каприо, ја украде бината на Оскарите со улогата во The Last King of Scotland.

Слично на Ди Каприо порано му направи и Томи Ли Џонс во The Fugitive, кога Ди Каприо беше номиниран за What’s Eating Gilbert Grape.

Идентично се случи во 2014 година. Кога светот чекаше Лео да ја понесе премијата за филмот The Woolf From Wall Street, Meтју МекКонахи му го зема Оскарот со улогата во филмот Dallas Buyers Club.

2. Премногу е константен

Лео Ди Каприо има премногу добри филмови во кариерата. Одлично ги бира улогите, а портфолиото му е навистина импресивно, како и соработката со режисерите. Од почетокот на кариерата е на А листата на Холивуд, но… Ди Каприо нема таков филм кој ќе му ја дефинира кариерата. Филм по кој ќе биде препознатлив, а да не биде материјал за седење и јадење пуканки. Веројатно треба да се поразговара со Даниел Де Луис, најметодичен глумец денес, можеби и најдобар на сите времиња.

3. Му недостасуваат трикови

Со исклучок на улогата What’s Eating Gilbert Grape, кога мораше да го глуми ментално дефектниот Арни, Лео нема улога која бара физичка подготовка. Оскарот тоа го сака, што се покажа многу пати во минатото. МекКонахи изгуби килограми за Dallas Buyers Club, претходно наведениот Џејми Фокс ослепе поради Реј, а најблиску на тоа го направил Лео е (дискутабилниот) бостонски акцент во Departed. Едноставно мора да научи по нешто од кралевите на метаморфозата во Холивуд, па и тој дома да однесе Оскар кој толку му бега.

4. Неговата најдобра глума остана во сенка

Inception, Shutter Island, Romeo + Juliet, тоа се филмови за пуканки и кока кола. За жал, да. Подобри филмови на Лео од наведените се Departed, Catch me if You Can, Revolutionary Road, а не добија ниту една номинација.

5. Го засенуваат споредните улоги

Кога ќе го видите името на Ди Каприо на постер на филм знаете дека е Блокбастер. Обезбедена е голема заработка, но почесто се заборава една работа. Глумците тоа го знаат. Посебно тие на кои им припаѓа споредната улога покрај Лео. И поради тоа тие стануваат и подобри од што се. Можеби Ди Каприо ќе беше забележан и во Jango Unchained, но Кристофер Валц едноставно беше доминантен. Марк Валберг го засени во Departed, а веќе наведениот методичар Даниел Деј Луис во Gangs of New York едноставно немаше конкуренција, иако Лео беше тука покрај него. Кејт Бланшет го засени во Aviator, а Кејт Винслент во Titanic, сепак таа остана жива. Треба ли да се оди понатаму?

6. Неговиот изглед

Секогаш срцекршач, секогаш најубав во кадарот, романтичен, тинејџерски идол.. итн. итн. И тоа е проблем за критериумите кои ги задава Американската филмска академија. Тие критериуми драстично се намалени, но не заборавајте дека Том Круз и Џони Деп го имаат истиот проблем. Лео Ди Каприо продолжува во филмовите да негува лик на заводник, а во некои ситуации го занемарува сопствениот талент.

Генерално, потсетува на Пол Њумен, кој со години беше славен поради својот изглед, а беше номиниран за Оскар шест пати пред да го освои во 1986 година. Едно е сигурно, неговото време ќе дојде. Само кога?

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.