Актуелно
17-годишно момче е тешко повредено во сообраќајка кај Скудриње
Седумнаесет годишно момче е тешко повредено и во лоша здравствена состојба е пренесено на скопски клиники, откако синоќа околу 22:30 било прегазено од возило кое се движело по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на селото Скудриње.
Според информациите на СВР Тетово, возилото “фолскваген-пасат” со охридски регистерски ознаки, кое го управувал И.И.(31) од Охрид, удрило во пешак кој се движел по патот и притоа тешко го повредил. Набрзо по несреќата на С.Р (17) прва помош му пружила екипа од здравствениот дом „Ростуше“, по што итно е прфрлен во гостиварската болница.
Од ударот, момчето имало повеќе скршеници и во тешка здравствена состојба итно е пренесено на скопските клиники.
Извршен е увид на местото на настанот.