Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

19-годишна сиријска државјанка се породи во Македонија

Актуелно

19-годишна сиријска државјанка се породи во Македонија

С.Б.(1996) од Сирија вчера во болница во Скопје роди машко дете, соопшти МВР. Сиријката заедно со сопругот претходно поднеле барање за азил во Република Македонија и биле сместени во прифатниот центар во Визбегово, од каде што таа е транспортирана во болница.

Во изминатите 24 часа, како што е наведено во денешното соопштение од МВР, издадени се потврди на вкупно 1.168 странски државјани, од кои 844 се од машки пол, 134 се од женски, 157 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 33 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.042 , Авганистан – 64, Ирак – 18, Палестина – 15, додека другите се во помал број.

– Во периодот од 19.06.2015 до 26.08.2015 година во 08:00 часот, издадени се потврди на вкупно 46.706 странски државјани, од кои, 32.307 се од машки пол, 6.393 се од женски, 7.259 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 747 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, стои во соопштението од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, како што е наведено, најбројни се државјаните на Сирија – 38.050, потоа Авганистан – 2.198, Ирак – 2.139, Пакистан – 1.398, Палестина – 576,Сомалија – 564, Бангладеж – 327, Конго – 305, Нигерија – 163, Камерун – 152 Еритреја – 142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.

Од МВР посочуваат дека во периодот од 08:00 часот на 24.08.2015 до 25.08.2015 година во 08:00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 26.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 25.08.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост), 3 баратели на азил се малолетни лица и 1 барател на азил е малолетен без придружба со повреда.

На 25.08.2015, до 17:00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажале прва помош на 332 лица, 256 на Табановце и 76 на Гевгелија меѓу кои 28 трудници.

– До 17:00 часот дистрибуирано е хуманитарна помош и тоа 1.740 шишиња вода, 112 пакети со храна, 38 индивидуални хигиенски пакети, 6 ќебиња и 32 пакети за бебиња, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.