Вести
Џафери влезе и започна со работа во кабинетот на претседателот на Собранието
Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на РМ и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потрдија собраниските служби.
Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој објави фотографија од средбата на Твитер.
Талат Џафери во четвртокот беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии.