Актуелно
Агенцијата Грејлинг прогласена за најдобра ПР агенција во Источна Европа за 2016 година
На гала вечерта на ЕМЕА САБРЕ наградите, која се одржа во Берлин, за Најдобра ПР агенција во Источна Европа за 2016 година е прогласена агенцијата Грејлинг.
Како причина за својата одлука, стручното жири пред се го истакна придонесот на агенцијата за развој на индустријата Односи со јавност во регионот, како и мрежата на агенцијата, земајќи го предвид фактот дека агенцијата има 10 канцеларии во Средна и Источна Европа и во која работат преку 170 експерти за Односи со јавност. Токму тоа овозможува развој и имплементација на некои од најинтересните регионални кампањи.
Освен тоа, стручното жири го истакна и фактот дека и покрај тоа што голем број агенции од оваа област беа присилени да се затворат, агенцијата Грејлинг продолжи да расте и да се развива во Средна и Источна Европа. Тие исто така ја нагласија и важноста на Public Affairs како една од главните компоненти за раст на агенцијата.
Грејлинг е агенција која пред се развива иновативни и интегрирани решенија и која брзо се прилагодува на потребите на клиентите и на пазарот. Агенцијата дејствува во интернационална мрежа која не познава граници, ниту меѓу држави, ниту меѓу дисциплините на дејствување.
Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 5 години.
– „Да се биде партнер со една од најголемите и најеминентните агенции е потврда за нашата успешна работа, како и потврда за нашето знаење, искуство и експертиза во оваа област. Но сето ова е пред се за успех и бенефит на нашите клиенти. Им честитаме на нашите колеги за оваа награда, особено затоа што е во областа на Public affairs, каде што нашата професионална експертиза е во корист на повисоки цели и каде што има уште толку многу повеќе да се направи“, изјави Татјана Лопарски, основач и генерален менаџер на Елемент ПР.