Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

157 верници во Скопје, преку 1000 пријавени во Охрид, ќе се обидат да го фатат Светиот крст за Водици

Актуелно

157 верници во Скопје, преку 1000 пријавени во Охрид, ќе се обидат да го фатат Светиот крст за Водици

Одбележувањето на празникот Богојавление, познат и како Водици, во Македонија продолжува во склад со вековната традиција на положување на светиот крст во осветените води.

Според христијанската вера, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Најголемите манифестации традиционално се одржуваат во Охрид и во Скопје. Најмасовно и најспектакуларно е положувањето на крстот во водите на Охридското Езеро што ќе се изврши во 10 часот од градското пристаниште. Центарот на градот и пристаништето се украсени со зеленило, верски и државни знамиња, а возбудата се чувствува низ чаршијата и во секој дом на охриѓани, особено во стариот дел од каде што потекнува традицијата за положување на чесниот крст во езерото.

Во Скопската православна епархија, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, започна архиерејската божествена литургија на која присуствуваат стотици верници.

По завршувањето на литургијата, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), архиепископ Стефан, со свештенството и верниците, ќе се упати кон мостот „Слобода“, каде ќе започне церемонијата на осветување на водите на реката Вардар.

Присутни ќе бидат и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според верските учења, оваа обредност ги поврзува верниците со Христос, а водите после осветувањето стануваат лековити. За граѓаните кои следат православната вероисповед, Богојавление-Водици е неработен ден според Законот за празници во земјава.

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.