Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

АЕТМ: Во 2023 година кон домашните е-трговци се слеале 453.6 милиони евра- годишен раст од 15%

Актуелно

АЕТМ: Во 2023 година кон домашните е-трговци се слеале 453.6 милиони евра- годишен раст од 15%

Анализа на бројот и вредноста на онлајн трансакциите.

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2023 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 39,929.2 милиони денари или 649.3 милиони евра, односно бележи пораст од 18% во однос на 2022 година. Притоа, вредноста на направените вкупни е-трансакции од физички лица изнесува 455.6 милиони евра и има пораст од 18.7%, додека правните лица оствариле пораст од 16.3% во однос на 2022 година. Доминира учеството на физичките лица во направените вкупни трансакции со 70.2%. Се зголемува и бројот на вкупните онлајн трансакции, но со помал интензитет на пораст односно 15.2% во однос на 2022 година. Кај правните лица бројот на реализираните вкупни е-трансакции се зголемува за 8.7%, додека кај физичките лица за 17.1% во однос на минатата година. Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2023 година изнесува 33.7 евра и е за 2.3% поголема од 2022 година. При тоа растот на просечната вредност е поголем кај правните лица каде што просечната трансакција се зголемува за 6.8% и изнесува 45.6 евра, додека кај физичките има минимален пораст (1.05%) и изнесува 30.3 евра.

Во структурата на вкупната вредност на направените онлајн трансaкции во 2023 година се забележува намалување на учеството кон домашни е-трговци од 72% во 2022 година на 70% во 2023 година, на сметка на зголемениот раст на вредноста на направените е-трансакции кон странски е-трговци. Имено, во 2023 година вкупната вредност на направени е-трансакции кон домашни е-трговци направени и од домашни и од странски купувачи изнесува 453.6 милиони евра што преставува пораст од 15.2% во однос на претходната година. Македонците во странство со платежни картички на виртуелни продажни места оствариле трансакции во вредност од 195.6 милиони евра што преставува раст од 25.3% во однос на 2022 година.

Што се однесува до структурата на бројот на направените е-трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон домашните е-трговци Македонци и странци со своите картички оствариле 76% од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 24% од трансакциите. Тоа ни укажува на поголема просечна вредност која е направена кон странски е-трговци односно 42.9 евра. При тоа физичките лица оствариле просечна вредност по трансакција од 32.6 евра додека правните од 129 евра.

Понуда во е-трговија – Е-продажни места

Во 2023 година, согласно подaтоците на Народната банка има вкупно 1703 виртуелни места на продажба, што претставува зголемување од 105 нови е-продажни места или 6.5% пораст. Што се однесува до активни е-продажни места, од вкупните 75% биле активни, односно 1293 имале барем една трансакција во текот на 2023 година.

Асоцијацијата за е-трговија неодамна направи унпаредување на регистарот на е-трговци, кој претставува единствен регистар на онлајн продажни места кој се обновува во соработка со 5те банки кои нудат процесирање на е-трансакции. Регистарот содржи и категоризација, односно може да се прегледаат сите активни е-трговци и може да се пребаруваат е-трговците.

– “Вредноста на онлајн трансакциите бележи годишен раст од 18% во 2023 година. Вредноста реализирана кон домашни е-трговци (со домашни и странски картички) бележи раст од 15% и изнесува 453.6 милиони евра. Асоцијацијата за е-трговија минатата година придонесе за зајакнување на домашната понуда во е-трговија и тоа преку две иницијативи беа помогнати 65 микро, мали и средни компании да започнат да продаваат онлајн и да ги зајаканат своите дигитални вештини. И оваа година продолжуваме со бројни активности кои ќе придонесат за проширување и зајакнување на понудата во е-трговија, унапредување на дигиталните вештини, намалување на сивата економија и зајакнување на довербата во онлајн купувањето. Преку активности како што е регистарот на е-трговци, беџот за верификувани е-трговци и информативно-едукативните кампањи за јавноста влијаеме на поголема информираност, свесност и само-заштита на граѓаните со што придонесување и за унапредување на страната на побарувачката” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.