Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Американската ФДА официјално предупреди за миокардитис по примена мРНА Ковид-19 вакцина

Актуелно

Американската ФДА официјално предупреди за миокардитис по примена мРНА Ковид-19 вакцина

Американската ФДА официјално предупреди за миокардитис по примена мРНА Ковид-19 вакцина

Американската ФДА и официјално издаде предупредување кое важи за мРНА вакцините против Ковид-19, односно „Фајзер“ и „Модерна“, поради зголемен ризик од ретки срцеви проблеми (воспаление на срцето – миокардитис) по употребата.

Брошурата за овие вакцини е дополнета со предупредување дека има извештаи за компликации што укажуваат на зголемен ризик од миокардитис и перикардитис, особено по втората доза, со симптоми што се појавуваат неколку дена по вакцинацијата.

Во изјава за Популарно.мк од македонската МАЛМЕД потврдија дека во Македонија засега не е регистриран ваков случај.

– „Во периодот од 17.02.2021 до 16.06.2021 година до Агенцијата за лекови и медицински средства се пристигнати околу 130 пријави на сомнеж за несакани реакции од вакцини против КОВИД 19 по спроведена вакцинација на 263,083 лица во нашата земја.Досега не е пријавена несакана реакција воспаление на срцевиот мускул (миокардитис) кај лица кои примиле мРНА вакција протид Ковид-19.“ – изјави д-р. спец. Искра Печијарева Садикаријо за нашиот портал.

Здравствените регулатори во неколку земји испитуваат случаи на миокардитис и перикардитис, најчесто кај млади мажи, по вакцинирањето со вакцините против ковид-19 на „Фајзер“ и на „Модерна“ и кои се базираат на mRNA технологијата.

Заклучно со 11 јуни, пријавени се 1.200 случаи на миокардитис и перикардитис во системот за несакани појави по аплицирање на тие вакцини во САД каде досега се ставени околу 300 милиони mRNA вакцини.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.