Актуелно
Арнаутовиќ му се извини на Алиоски, на албански и македонски јазик
По официјалното барање на ФФМ за официјална претставка и казнување на Марко Арнаутовиќ, по инцидентот со Езџан Алиоски на натпреварот Македонија – Австрија во Букурешт, натурализираниот австриец се огласи преку социјалните мрежи.
Србинот Арнаутовиќ се извини и порача дека не е националист, со порака за извинување на македонски и албански јазик.
– „На натпреварот имаше некои жешки зборови искажани во емоција за кои би сакал да се извинам, особено на моите пријатели од Македонија и Албанија, Би сакал да кажам една работа многу јасно. Не сум расист! Имам пријатели речиси насекаде во светот и се залагам за различности. Секој, кој ме познава е свесен за тоа“ напиша Арнаутовиќ на својот Инстаграм профил.