Актуелно
„Безбедносна размена и заемни операции меѓу НАТО и Европската унија“: Одржана панел дискусија на УАКС
Вчера, 24 октомври 2024 година, на Универзитет Американ Колеџ Скопје беше организирана панел-дискусија на тема „Безбедносна размена и заемни операции меѓу НАТО и Европската унија“.
Организатори на настанот беа Универзитет Американ Колеџ Скопје и Амбасадата на Унгарија, а по повод унгарското претседателство со Советот на Европската унија.
Поздравно обраќање на панелот имаше амбасадорот на Унгарија во РС Македонија Андреас Клајн. Како главни говорници беа Петер Штарај (Péter Sztáray), државен секретар на Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија одговорен за безбедносна политика и енергетска безбедност, и Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања на Владата на РС Македонија. Дискусијата беше модерирана од Марина Андева, вонреден професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје.
По излагањата следуваше дискусија со прашања од публиката.