Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Центарот за благосостојба на животните со анкета за етичкиот и морален однос кон кучињата

Актуелно

Центарот за благосостојба на животните со анкета за етичкиот и морален однос кон кучињата

Центарот за благосостојба на животните со анкета за етичкиот и морален однос кон кучињата

Aнкета на јавното мислење во врска со етичкиот и морален однос кон кучињата во рамките на својата научно-истражувачка работа спроведува Центарот за благосостојба на животните при Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Според Центарот за благосостојба на животните, имајќи ги во предвид бројните дискусии, контроверзни ставови околу односот на општеството кон животните, како на пример дискусиите помеѓу општинските власти и невладините организации за бездомните кучиња, како и обврските кои институциите ги имаат во спроведувањето на одредбите од Законот за благосостојба на животните со оваа анкета Факултетот сака да даде можност на граѓаните да ги изнесат своите ставови за овој проблем.

– Со искрени одговори на поставените прашања ќе придонесете во научно-истражувачката анализа со крајна цел да се добијат одговори на прашањето како правилно и соодветно да се грижиме за животните, велат од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Факултетот оваа анкета ја спроведува според стандардите на при што гарантира за анонимноста. Одговорите на прашањата ќе се анализираат и презентираат исклучиво на ниво на групи и ќе послужат за научно-истражувачки цели.

Анкетата можете да ја видите и пополните на следниот линк.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.