Ден без автомобили во општина Аеродром (ГАЛЕРИЈА)
Во скопската општина Аеродром денеска се одбележа светскиот ден без автомобили, а на акцијата се приклучија голем број на граѓани кои денеска ги оставија автомобилите и дојдоа на улицата Васко Карангелески во Аеродром.
Какошто јавуваат од градот Скопје, оваа улица денеска e затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот на потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров и на неа се одржаа различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, а беше подигнат и нов дрворед.
Во одбележувањето на овој ден се приклучи и градоначалникот Петре Шилегов, кој на настанот пристигна со велосипед.
Погледнете како изгледаше овој несекојдневен настан: