Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“ – Повеќе од три илјади учеснички застанаа на старната линија

Актуелно

Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“ – Повеќе од три илјади учеснички застанаа на старната линија

Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи.

Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски Маратон“. Резултатите ќе бидат споделени на следниот линк: https://tagtiming.mk/.

Трката беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учеснички на 12. издание на „Авицена Женска Трка“ и велат дека без нив, ова издание немаше да биде толку динамично, енергично и масовно, со надеж дека следната година ќе бидат во уште поголем број.

„Авицена Женска Трка“ продолжува да биде симбол за успешни дами, за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав начин на живот.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.