Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Државна Олимпијада по ментална аритметика во Скопје

Актуелно

Државна Олимпијада по ментална аритметика во Скопје

Скопје ќе биде домаќин на големата државна Олимпијада по ментална аритметика која ќе се одржи на 11 јуни (недела) во ОУ „Лазо Ангеловски“. 

На овој престижен настан ќе учествуваат над 600 натпреварувачи од нашата земја на возраст од 5 до 12 години.

Олимписките игри во Скопје претставуваат уникатен настан. Настанот традиционално привлекува голем интерес кај учесниците и јавноста, благодарение на атрактивноста на натпреварот по ментални вештини. Натпреварувачите мора брзо да го пресметаат точниот резултат, исклучиво ментално – без никакви помагала (хартија, молив или калкулатор). Една од најинтересните дисциплини е Анзан – натпревар во собирање и одземање на долга серија броеви кои се емитуваат на екранот со екстремно големи брзини: до 3 броја во секунда!

Процесот на учење брза пресметка се заснова на древен јапонски калкулатор – абакус. На овој начин се постигнува успешен тренинг на мозокот, создаден со идеја за вежбање различни ментални капацитети, како што се: меморија, концентрација, визуализација, аналитичко и логичко размислување.

Организацијата на Олимпијадата е голема чест и признание за училиштето „Малац Генијалац“. Неговото одржување доаѓа како круна на успешната работа и одличните резултати што ги постигнаа нивните натпреварувачи. Училиштето има свои локации во Скопје, Охрид, Кавадарци, Велес, Битола, Кичево, Штип и Куманово.

Настанот, кој промовира успешно образование и здрав натпреварувачки дух е поддржан од Соко Горица и ОУ „Лазо Ангеловски“.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.