Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џевахир Мол Скопје во Аеродром се отвора на 29 март

Актуелно

Џевахир Мол Скопје во Аеродром се отвора на 29 март

На 29 март се отвора новиот трговски центар Џевахир Мол Скопје во општина Аеродром, давајќи нова поразлична понуда за жителите од овој дел од градот.

Новиот шопинг и бизнис центар Џевахир Мол Скопје и импресивниот најголем мурал во градот креиран од локален уметник на 4.000 метри квадратни ѕидна површина, ќе биде секојдневна атракција за посетителите, во исто време нудејќи активности и брендови кои ќе ги задоволат секојдневните потреби на потрошувачите во молот.

„Скопје е еден од ретките градови во Европа кој ја има една од најголемите мурални фасади на една површина во Источна Европа. Џевахир Мол Скопје е повеќе од трговски центар, ставајќи фокус на културата и уметноста, покрај традиционалните молови кои нудат шопинг, храна и пијалоци. Уметноста која ја претставува овој мурал на трговскиот центар Џевахир е израз на мешаната заедница на луѓе од различни култури коишто живеат во државата и во оваа локална заедница“, вели Есер Џевахир, член на одборот на Џевахир Холдинг.

Хипермаркетот Кит-Го, турскиот бренд за детски модни парчиња „Панчо“ кој за првпат влегува на пазарот во Македонија, Синсеј, ДеФакто и ДМ, Џевахир променадата како шеталиште со ресторани и кафе барови за секојдневни дружби и релаксација и Playground игротека за најмладите посетители се дел од содржините кои ќе ги понуди Џевахир Мол Скопје.

Со отворање на трговскиот центар, Џевахир целосно го завршува инвестицискиот потег Скај сити во овој дел на општина Аеродром, како комплекс со мешана употреба или комбинација од станбени комплекси за домување, трговски и бизнис центар во една интегрирана средина. Висококатниците Скај Сити се највисоките кули во градот и едни од највисоките кули на Балканот.

 

 

 

 

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.