ЕМОТИВНИ ФОТОГРАФИИ: Министерот Филипче роденден кај Лара – ќерка на донорот на срце и бубрези Јасмина
Министерот Филипче скоро во целиот свој мандат го гледавме во сериозно и работно издание, најчесто известувајќи за состојбата со коронавирусот во нашата земја.
Но, тој денеска на својот фејсбук профил објави навистина емотивни и приватни фотографии, прославувајќи го првиот роденден на ќерката на ќерката на Јасмина Василковска, жена донор која донираше срце и бубрези и спаси три животи.
„Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство”, напиша Филипче на својот фејсбук профил.