Емотивни сцени во Лондон: Откриена статуата на принцезата Дијана
Да беше жива, принцезата Дијана денес ќе го прославеше 60-тиот роденден.
Иако принцезата Дијана ја нема веќе 24 години, нејзиниот дух се чувствува во секоја пора на општеството во Велика Британија, а денес, на денот на нејзиниот роденден, поставена е статуа во градината на палатата Кензингтон.
Откривањето на статуата го направија нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари. Она што ги одушеви сите е тоа што браќата делувале како одлично да се сложуваат и цело време биле горди и насмеани.
-Денес, на денот кога нашата мајка ќе го славеше 60-иот роденден, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети кои ја направија сила за доброто во светот, менувајќи безброј животи на подобро. Секој ден, посакуваме да беше уште со нас, а се надеваме дека оваа статуа ќе се смета за симбол на нејзиниот живот и наследство – порачаа во заедничко соопштение Вилијам и Хари.
На откривањето на статуата присуствувале и братот и сестрата на Дијана, Чарлс Спенсер и Џејн Фелоу.