Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од Астра Зенека
Денеска министерот Филипче ја прими најавената донација од 20.000 вакцини од производителот Астра Зенека, испратена од Владата на Република Грција.
– „Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност.“ – напиша министерот Филипче на својот фејсбук профил.
Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид 19.