Актуелно
Ѓорѓе Давид останува во Македонија по сообраќајната несреќа кај Табановце
Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој беше учесник во сообраќајната несреќа кај Табановце вчера вечер, останува во Македонија до крајот на процедурата на обвинителството.
– „Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава, а како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен“, изјави Давид, додавајќи дека сè уште не може да се соземе.
Во сообраќајната несреќа, автомобилот на Ѓорѓе Давид е целосно уништен, а музичарот се здобил со расекотини на раката.
– „Синоќа имав еден слом, сега се потсмирив. Никогаш во животот не сум згазнал ни куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол“, вели рокерот.
Според информации од Обвинителството, несреќата настанала откако автомобил со македонски таблички влегол на автопат во недозволена насока, предизвикувајќи првичен судир со друго возило. Жената од кумановскиот автомобил, која излегла од возилото, била удрена во налетот на автомобил со српски таблички. Обвинителството извршило увид, а процедурата уште трае.
Ѓорѓе Давид, познат по својата музичка кариера, сега останува во очекување на завршувањето на истрагата.