Ѓоковиќ ја прослави титулата на журка во Белград
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ вчера пристигна во Србија и заедно со своето семејство ја прослави титулата на Ролан Гарос.
Големата прослава, веќе традиционално, ја организира неговиот татко Срѓан во ресторанот „Новак“.
Новак се појавил на журката расположен и со мал трофеј кој е реплика од вистинскиот кој го добива победникот на Ролан Гарос.
На прославата ечела и српската химна, додека небото над Белград било осветлено од огномет во негова чест.
Српскиот тенисер со победата над Стефанос Циципас ја освои својата 19-та грен слем титулата во кариерата, со што се приближи на чекор до рекордот кој го држат неговите најголеми ривали Надал и Федерер, кои имаат по 20 титули.