Актуелно
Градежната компанија Гранит го одбележува 70. јубилеј
Акционерското Друштво Гранит беше формирано како компанија за конструкција на патишта за потребите на Социјалистичка Република Македониjа, согласно владината одлука на С.Р.Македонија бр.1235/52 на 24 ноември, 1952 година. Во следните 57 години, Гранит се трансформираше од државна компанија во Акционерско Друштво преку приватизацијата во 1996, што подоцна стана најголемото македонско претпријатие за изградба.
За време на југословенската ера, Гранит ги развиваше своите капацитети и стана компанија способна за извршување на покомплекси проекти. Откако Македонскиот пазар не можеше да го задоволи целосниот капацитет, Гранит се прошири и почна да учествува на меѓународни проекти.
Денес, Гранит се стреми да оддржи баланс помеѓу работата на домашниот и странскиот пазар, со цел да ја оддржи својата лидерска позиција во областа на градежништвото. Гранит ќе продолжи да биде посветен на развојот на инфраструктурата во Македонија, како и да собира знаење од работата на странските пазари.
Луѓето кои стојат позади името на Гранит денес, имаат една заедничка желба – да го зачуваат тоа што било формирано до овој момент, така што Гранит може да зачекори во иднината со уште поголема сила, како што и самото име наведува.