Грција се подготвува за летната сезона – целосно ќе се укине полицискиот час
Нашиот јужен сосед најави олабавување на превентивните мерки за заштита против ширењето на заразата со корона вирусот. Иако таму сè уште важи обврската за носење маски, Грција најави дека постепено ќе ги олеснува епидемиолошките мерки.
Како што најавуваат тамошните власти, од сабота (12 јуни), музиката ќе биде дозволена во делови од угостителски објекти што се наменети за гости.
Грција најави скратување и на полицискиот час – истиот ќе важи од 1.30 до 17 часот по локално време, а најверојатно ќе биде укинат од 1 јули, ако моменталната епидемиолошка состојба го дозволи тоа.
– „Многу добро знаеме дека секоја наша небрежност може да биде фатална за многу други. Но, ние исто така многу добро знаеме како можеме да се справиме со тоа, како да се заштитиме себе си и сè што е околу нас. Набудувајќи ги санитарните мерки и протоколи, кои се наш штит уште од првиот ден на пандемијата, преку програмата за вакцинација и создавањето колективен имунитет, ќе можеме да ја оставиме зад себе оваа состојба.“ – додаде Хардалис.