Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Исланд ги укина сите мерки – повеќе нема носење маски, ниту одржување социјална дистанца

Актуелно

Исланд ги укина сите мерки – повеќе нема носење маски, ниту одржување социјална дистанца

Исланд ги укина сите мерки – повеќе нема носење маски, ниту одржување социјална дистанца

Иако звучи како далечна иднина за Македонија, сепак добри вести доаѓаат од Исланд.

Имено, во Исланд се укинати сите ограничувања и рестриктивни мерки кои беа на сила како превенција од ширење на вирусот Сарс-Ков-2, кои беа активни од март 2020 година.

Целосното укинување на мерките доаѓа по информациите кои ги сподели Владата од Рекјавик, дека дури 87 отсто од возрасните примиле барем една доза вакцина, а околу 60 проценти се целосно имунизирани.

Па така, жителите на Исланд повеќе не се обврзани да одржуваат физичка дистанца, ниту да носат маски на отворен или затворен простор.

Од 1 јули, туристите кои ќе покажат потврда за вакцинација против ковид-19 или потврда за прележана болест, нема да мораат да направат тест при влез во земјата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.