Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

Актуелно

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

Продолжува партнерството на Фондацијата Телеком и Црвениот Крст за проект наменет зa лица во трето доба.

Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст на Република Северна Македонија го продолжуваат партнерството за Итно копче, иновативна услуга преку која со технологија се обезбедува помош за повозрасната популација. Итно копче е револуционерно решение чијашто цел е да се обезбеди брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче коешто се наоѓа на уред во форма на рачен часовник.

„Како партнери на Црвениот крст, од самиот почеток на проектот придонесуваме оваа иновативна услуга, којашто веќе се практикува во повеќе европски земји, да се постави и во Македонија. Технологијата е алатка којашто треба да му служи на човекот, а Итно копче е токму таква успешна приказна.“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Заради успешна реализација на овој проект, којшто за прв пат се воведе кај нас во 2022 година, Фондацијата Телеком го продолжува партнерството со Црвениот Крст со цел поголемо ширење на оваа услуга кај што поголем број корисници. Од оваа година, во проектот се вклучува и локалната самоуправа преку општините кои ќе обезбедуваат покритие на тимовите кои работат со жителите на нивните општини. Досега, вклучени се: Кисела Вода, Гази Баба, Центар, а наскоро и Карпош, а бројот на општини ќе се зголемува во наредниот период.

„Социјалните сервиси се од големо значење за лицата во трето доба и даваат сигурност, заштита и доверба во општеството. Црвениот крст заедно со Фондацијата Телеком продолжува да ги развива овие сервиси сè со цел да се унапреди здравјето и благосостојбата на нашите сограѓани“ – изјави Д-р Саит Саити Генерален секретар на Црвениот крст на РСМ.

Преку ова стратешко партнерство на Црвениот крст и Фондацијата Телеком, со помош на технологијата се спасуваат животи и се подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација. Со вклучување на општините и други партнери и институции, Итно копче станува одржлива и долгорочна услуга којашто ќе им пружи помош и поддршка на поголем број лица.

За проектот Итно копче

Услугата е наменета првенствено за лица над 65 години коишто живеат сами во Скопје. Во рамки на проектот обезбедена е соодветна опрема за 110 корисници коишто преку овој уред можат да го алармираат тимот на Црвениот крст кога итно им е потребна помош, 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Обучениот тим им нуди на корисниците прва помош и психолошка поддршка, како и транспорт до соодветните здравствени установи. Од почетокот на проектот во 2022 досега, преку овој проект опслужени се 118 различни корисници на месечна основа, со 69 интервенции на терен во итни состојби, над 189 интервенции по телефон и 17 интервенции во соработка со Итна медицинска помош.

 

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.