Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Избрани победниците на првиот виртуелен хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговија”

Актуелно

Избрани победниците на првиот виртуелен хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговија”

Избрани победниците на првиот виртуелен хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговија”

Изминатиот викенд за одржа првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Десет тимови составени од студенти од Економскиот факултет, Скопје и ФИНКИ работеа на креативни решенија одговарајќи на еден од двата поставени предизвици “Едуцирај и мотивирај” и “Детектирај и сузбиј”. 

По 48 часовна работа на тимовите кои беа менторирани од 18 ментори од приватниот сектор, академијата, како и институциите УЈП и Царинската управа, во неделата тие ги презентираа своите решенија пред жири комисијата составена од д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ, Проф. Д-р Димитар Трајанов, од ФИНКИ и Проф. Д-р – Ежени Брзовска, од Екононскиот факултет – Скопје. По евалуацијата од жирито, беа прогласени три победнички тимови чии концепт решенија се состоеа од: веб платформа со можност за рецензии за е-трговци, веб платформа за пријавување на нерегуларности при е-купување и надградување на регистарот на е-трговци со рејтинзи, како и екстензија со автоматски систем за проверка на легитимноста на е-трговците.

– Ваквите натпревари се одличен начин за студентите да остварат нови контакти и да соберат нови знаења додека работат на креативни солуции кои ќе имаат придонес кон решавање на одреден проблем. 50 студенти сега имаат поголема свест за штетноста на сивата економија воопшто и се запознаени со повеќе аспекти за фунционирањето на системот, додека 13 студенти од три наградени тимови ќе имаат можност да ги имплементираат нивните решенија во пракса и да бидат дел од промените. Сите можеме и мораме да влијаеме кон промените и драго ми е што оваа иницијатива го покажува токму тоа на дело. – посочи д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ

– „Хакатонот Хакирај ја сивата економија  беше одлично искуство каде студентите го развиваа својот креативен потенцијал  и ги презентираа своите идеи,  артикулирајќи ентузијазам, сигурност и посветеност. Сметам дека мултидисциплинарниот  пристап како начин за решавање на актуелни проблеми претставува одлична можност за студентите за размена и демонстирање на нивните иновативни размислувања и идеи.” изјави проф. д-р, Ежени Брзовска.

– „На хакатонот беа презентирани интересни и иновативни идеи како да се справиме со сивата економија. Имаше многу ентузијазам во развојот на идеите и очекувам дека победничките идеи ќе успеат да ја направат посакуваната промена во општеството. Воедно овој настан беше одлична можност за вмрежување и запознавање на студентите од ФИНКИ со студентите од Економски факултет, со што и едните и другите имаа можност да ги погледнат работите од друг агол и преку тоа да научат многу нови работи.” – додаде проф. д-р. Димитар Трајанов

За победничките решенија обезбеден е награден фонд од 3000 евра, кои ќе им послужат за имплементација на решенијата. 

– „Ни беше чест и задоволство да учествуваме на ваков настан, преку смеа, дружба и напорна работа постигнавме нешто кое не доведе до врвот. Запознавме нови лица и научивме многу нови работи. Најважно, стекнавме добри искуства и нови пријателства и се надеваме дека нашето решение ќе биде од голема корист. Се надеваме дека ќе успееме да го реализираме тоа што сме го замислиле.” велат од победничките тимови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.